Благодарение на брзата реакција, спасен е најстариот објект на УКИМ

Благодарение на брзата реакција на вработените на Архитектонскиот и Градежниот факултет, како и на противпожарните бригади, спасен е најстариот објект во рамки на УКИМ, зградата на Градежен и на Архитектонски факултет.

Оваа зграда е изградена во периодот од 1947-49 година како прв објект на Универзитетот кој бил формиран веднаш по завршување на Вттората светска војна. Зградата е стара, но низ годините надлежните и вработените успевале да ја одржуваат и да биде безбедна.

– Кога започнал пожарот во просториите имало студенти и колеги, но благодарение на брзата реакција на наставниците и вработените на Архитектонскиот факултет, сите студенти се евакуирани – изјави професор д-р. Огнен Марина, Декан на Архитектонски факултет.

– За жал бидејќи се работи за најстариот објект изграден во рамки на универзитетот, изграден 1947-1949 година, двата факултета прават максимални за да го одржуваме, но се покажа дека одредени ситуации не можеме да ги контролираме,рече деканот на овој факултет.

 

Во пожарот којшто избувна утрината, целосно се изгорени три кабинети.