Близу Либија настрадаа 12 мигранти

Најмалку 12 мигранти загинаа денес во водите крај брегот на Либија, откако вода при невремето почнала да влегува во гумениот чамец со кој се превезувале.

Се стравува дека во несреќата има уште жртви, затоа што не е познат точниот број на луѓе кои биле на бродот, соопштува италијанската крајбрежна стража.

Спасени биле 29 луѓе, а во спасувачката операција учествувале покрај италијански бродови и еден хелихоптер, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 3.740 мигранти настрадаа во Медитеранот оваа година.