Блиц: Македонските разузнавачки служби ги следеле и застрашувале српските дипломати

Белградскиот дневен весник ,,Блиц“, во своето денешно издание пишува дека имаат сознанија кои говорат дека македонските разузнавачки служби незаконски ги ,,обработувале“ српските дипломати, а во разузнавачкото дејствување биле вклучени и странски сили:

,,Српските дипломати во амбасадата во Скопје биле следени без никаква причина. Дури се применувани и методи на застрашување. Дел од притисокот што е правен врз нив е со одобрување на странски претставници во Македонија“-го пренесува РТС пишувањето на Блиц.

Српскиот весник , наводно, пренесува зборови на неименуван извор, кој додал дека штом е ова забележано повлечени се сите дипломати во Белград на консултации.