Боб Дилан е добитник на Нобелова награда за книжевност

Американскиот кантавтор Боб Дилан е годинешниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, соопшти шведската кралска академија.

Во образложението се наведува дека наградата му се доделува заради создавање на ново поетско изразување во рамки на извонреднтата американска поетска традиција.

Сара Даниелс, постојан секретар на Шведска кралска академија го опиша Дилан како голем уметник кој веќе 54 години твори и работи во светот на музиката.

“Knockin’, On Heaven’s Door”, ,,Blonde on Blonde” или антивоените ,,Blowin’ in the Wind” и ,,The Times They Are a-Chaning” се само некои од неговите светски познати хитови.