Новиот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, вчера ја презеде должноста од неговиот претходник, Андреј Жерновски. Притоа му подари дрес на клубот којшто и двајцата го обожуваат:

,,Од денеска и официјално ја презедов престижната и одговорна задача-Градоначалник на општина Центар. Им благодарам на досегашните советници за сработеното и им честитам на новоизбраните.
Му се заблагодарувам и на мојот пријател, Андреј Жерновски. Ќе разменуваме искуства за да ги продолжиме сите отпочнати процеси во општина Центар. Од мене за него, за сеќавање дрес од нашиот Работнички.
Од денеска јас и мојот тим, заедно со советниците почнуваме да работиме за Центар!“-напиша Богдановиќ на својот ФБ профил.