Богоев:Не може да се прифати амандман со кој 3 милиони денари ќе одат во џебот на Стевчо Јакимовски

Три милиони денари за изградба на детски парк во општина Карпош побара опозицијата преку амандман, што беше одбиено од Министерството за финансии. Всушност, овие пари треба да отидат на сметка во општина Карпош. Дилемата е зошто некој бара директно да пренасочиме пари во една од најбогатите општини според кажувањето на градоначалникот Јакимовски, кој за жал, откако е градоначалник, ја направи една од најзадолжените. Прашање е каде ќе се изгради овој детски парк, бидејќи Стевчо Јакимовски не остави ниту еден метар празен простор, го окупираше со нови градби-рече пратеникот Стефан Богоев.

Дополнително нема да поддржам амандман со кој директно би оделе пари во рацете на Јакимовски и злосторничкото здружение во општина Карпош предводено од ВМРО ДПМНЕ-рече Богово на собраниската комисија за финансирање и буџет.