Богоевски: Да, јас бев на протестот!

На 5-ти октомври е закажано судењето на еден од најекспонираните учесници во Шарената револуција, Павле Богоевски.

Тој вели дека Зврлевски не мрдна со малиот прст кога беа објавени бомбите, а со тоа и индиции за стотици, можеби и илјадници кривични дела, сега тој работи со полна пареа. Моето прво судење за Шарената Револуција е на 5ти октомври, во 11 часот, во Основниот Суд Скопје 1, објави Богоевски.

На својот ФБ профил уште пишува-,,Обвинителството на Зврлевски ме товари за Учество во толпа што ќе изврши кривично дело (чл. 385 КЗ на РМ). За ова дело следува парична казна или казна затвор до три години.

Сакам да му скратам време на обвинителството и трошоци на државава и да им кажам: ДА, јас бев на протестот на 18ти април и бев дел од групата која Зврлевски ја нарекува „толпа“ (јас ги нарекувам соборци и соборки ).

НЕ, не признавам вина за делото за кое ме товарат. Не може системот кој дозволува Груевски и неговото здружение десет години да ја силуваат државата, одеднаш да одлучи да доделува правда за тие кои протестираат против тоа (и благодарение на кои, Груевски и останатите сега се обвинети и осомничени, а не аболицирани лица)”.