Борис Џонсон напушти интервју само по едно поставено прашање

 

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон напушти телевизиско интервју во живо откако новинарот му постави прашање кој е претседател на Јужна Кореја.

На провокацијата на новинарот, Џонсон одговори дека не се наоѓаат во паб, но очигледни беа неговата нервоза и неснаоѓање. Го повика новинарот да му се придружи ако сако во пабот и пелтечејќи додаде дека не сака да одговара на квиз прашања во живо на телевизија.