Борјанчо Мицевски кандидат за градоначалник од СДСМ за Крива Паланка

Борјанчо Мицевски е победничкиот кандидат на СДСМ и големата коалиција за иден градоначалник на Крива Паланка-напиша на ФБ актуелниот министер за земјоделство, Љупчо Никиоловски.

,,Спроведовме повеќе истражувања и се потврди водството на Коалицијата на СДСМ и граѓаните и во Крива Паланка.

На анкетите, нашиот кандидат, е пред сите можни кандидати на опозицијата. Чесен, одговорен, ангажиран, скромен и голем познавач на локалната самоуправа и развојните политики.

Крива Паланка има историска можност, со силна поддршка на новата Влада и лична заложба, да направиме одлично место за живот на сите, со нови бизнис можности, со развиени села и рурален рсзвој, решени инфраструктурни, комунални и социјални прашања и со нови меѓународни перспективи.

Место во кое ќе го вратиме животот и младите! Шансата е сега!“-објави Николовски.

Мицевски е претрседател на ОО на СДСМ во Крива Паланка.