Бочварски со активисти го исчистија локалитетот ,,Мирјанина Црква“ крај Штип

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски, денеска покажа на терен како ќе се грижи за околината и хигиената во градот.

,,Се наоѓаме на локалитетот „Мирјанина Црква“ којшто е целосно запуштен, запоставен и со многу шут и градежен отпад. Овде има многу вакви депонии, денеска решивме една од овие депонии да ја исчистиме, заедно со нашите поддржувачи, другари и сите заинтересирани кои зедоа учество во оваа акција.

Имаме одговорност, пред самите нас и пред идините генерации, да направиме добри дела за овој град, да работиме во интерес на граѓаните, да ја заштитиме животната средина и здравјето на нашите граѓани. Продолжуваме да работиме посветено, транспарентно и во интерес на граѓаните на Општина Штип и на Република Македонија.

Затоа, после промената на локалната власт во општина Штип, по победата на СДСМ, овде, вакви депонии повеќе нема да има“-рече Бочварски.