Бојан Чуков:Договорот со Македонија се потпишува за сметка на бугарските национални интереси

Зошто сите во Народното Собрание(на РБугарија) се едногласни по прашањето за Договорот со Македонија?-прашува во својот авторски текст бугарскиот аналитичар Бојан Чуков.

И одговара:  Заради  хомогенизирање и поставувањето на Балканот, 100% под покровителство и контрола на НАТО (читај САД), за што  е потребно сите земји да бидат членки на воениот блок.

Понатаму во текстот,којшто ви го пренесуваме во целост,Чуков пишува:

,,По Црна Гора, по брза постапка ќе бидат прифатени во Алијансата сите балкански земји кои не се членки на НАТО. Затоа се “бришат” итно сите билатерални тензии и конфликти. НАТО хомогенизација на Балканскиот полуостров е потребна за остварување на американскиот проект “Триморие” (вклучувајќи териториите на земјите меѓу Јадранското, Балтичкото и Црното Море).

“Триморието” има три главни цели. Прва, блокирање на комуникациите меѓу Западна Европа (првенствено Германија, Франција, Италија и други) и Русија. Станува збор за прекин на гасоводи и нафтоводи кои ги опслужуваат “Газпром” и неговите изведувачи во Западна Европа. Второ, со земање замав на “руската закана” , да се мобилизира целиот воен и пропаганден потенцијал на Источна Европа против Русија. Тоа е и вистинската причина за огромниот притисок врз земјите од Источна Европа да започнат да издвојуваат 2% од својот БДП за воени цели. Полска е водечка земја во “Триморието” во Источна Европа. Трето, обезбедување на услови за рестартирање на транспортен коридор №8 (Бургас-Драч, Албанија), кој вклучува нафтоводи и гасоводи, транспортираат гас и нафта од Блискиот Исток и Каспискиот басен, кои имаат за цел да се ,,лизне“ “Газпром” од европските пазари.

Брзото стартување на проектот “Триморие” го наметна забрзаното поставување на власт на Зоран Заев во Скопје со активната помош на структурите на Џорџ Сорос, неговото легитимирање во Софија како премиер на Македонија и потпишувањето од страна на Бугарија на Договорот со Македонија, кој очигледно признава дека македонскиот јазик не е западен дијалект на бугарскиот јазик. А е “нешто” друго. Иако огромното мнозинство респектабелни научници во светот тврдат токму спротивното.

Појасно кажано, Договорот со Македонија се потпишува за сметка на бугарските национални интереси на долг рок. Но бугарската елита е на статус кво, владејачка и опозиција, се прават како протагонистот од филмот “Ни чул ни видел”. Вистинската причина за гласно прокламираниот “пробив” во билатералните бугарско-македонски односи е лансирањето на проектот “Триморие” на Балканот, е пример како најчесто промените влијаат врз Западен Балкан. Иронично, она што пред години Коминтерната- не успеа да постигне, го постигнаа соросоидите во Софија и Скопје, служејќи за странска политичка алатка  на Балканот.

До овој момент само Турција, која заедно со Полска е повикана да биде една од двете водечки земји во “Триморието”, води своја надворешна политика. Се зближува со Русија, купува руско оружје, води дијалог со Техеран, ги уништува мрежите на Фетхулах Гулен и други слични “своеволија”. Тоа го прави турскиот претседател Ердоган исклучително непријатна политичка фигура за Вашингтон. Уништувањето на мрежите на Фетхула Гулен во Турција, Европа и Азија е исто како да се уништат мрежите на Џорџ Сорос во Источна Европа. Реџеп Ердоган очигледно има авторитарни средства и дејствува со недемократски средства, но под негово управување Турција стана несигурен партнер за Вашингтон и неговите геостратешки проекти. Затоа Ердоган ќе биде  постојано под напад и ќе се бараат секакви начини да биде елиминиран од власта“-пишува бугарскиот политички аналитичар Бојан Чуков.