Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, на својот твитер налог, го прослави ,,историскиот момент“, објавувајќи дека по ,, 104 години Република Албанија ги призна Бугарите како етничко малцинство“.

По големата дипломатска офанзива што ја имаше неговата Влада, Борисов смета дека признавањето на Бугарите како национално малцинство во Албанија е историски момент за неговата земја.

Европратеници од Бугарија, со месеци ,,крстареја “ низ Голо Брдо, Мала Преспа и други делови на Албанија, каде што има македонско малцинство, врбувајќи ги со бугарски пасоши,  етничките Македонци во Албанија да се изјаснат како Бугари.

Од друга страна, Бугарија, која го презема претседавањето со ЕУ од Нова Година, се закани дека ќе ги блокира пристапните преговори на Албанија кон ЕУ, по што албанскиот Парламент го вметна и бугарското малцинство во Законот за малцинства , и тие станаа едно од деветте признати.

Претставниците на Македонците во Албанија, посебно здружението ,,Илинден“ од Тирана и Мала Преспа, вложуваа протести и укажуваа дека во Албанија на последниот попис нема никој изјаснето како Бугарин и дека на овој начин се асимилира македонското малцинство.

Нашата држава, досега остана нема по ова прашање.

АКО.мк