Бранислав Јанушев: Ми отиде детето од неранимајковци!

Со овие зборови се прости со својот трагично починат син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил.

,,Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“-напиша кусо тој, и постави фотографија од вечниот дом на Мартин Јанушев.

Погребот на свирепо убиеното момче беше извршен денеска напладне, на градските гробишта ,,Бутел“ во Скопје.

Мартин Јанушев беше убиен пред два дена, на 03.11.2017 , пред влезот на зградата во која живееше, со неколку куршуми во главата и во вратот.

Докторите не успеаа да го реанимираат и по четириесетина минути откако беше донесен, прогласија смрт.

МВР врши интензивна истрага и потрага по убиецот и неговите соучесници.

Таткото на Мартин и самиот бил припадник на МВР и сега е во пензија.

АКО.мк