Бременост на 20, 30 и 40 години

Повеќе експерти би рекле дека не постои вистинско време за започнување на семеен живот или секое време е вистинско, но не може да го игнорираме фактот дека постојат позитивни  и негативни страни кога се раѓа на одредена возраст. На пример, доколку родите во 20-тите години од животот, ќе имате повеќе енергија да трчате по детето, но ќе имате помалку финансиски средства и помало животно искуство, а доколку родите пак во доцните 30-ти или 40-ти години од животот, може ќе имате повеќе финансиски средства за детето, но ќе треба да повќе време да забремените или да ја одржите бременоста,  а и ќе ви недостига енергија да се справите со активно дете.
Да ги погледнеме позитивните  и негативните страни на бременоста на одредена возраст.
early-pregnancy-signs-2160x1200

 

Од 20 до 24 години
Вашето тело
Вашето тело е најплодно во овие години. Месечниот циклус  кај жените на оваа возраст е редовена, а и јајце-клетките се во поголема плодност .

Докторите велат дека жените меѓу 20 и 24 години имаат 20 процентна шанса секој месец од овулацијата,  да останат бремени. Сепак, доколку се чувствувате подготвени да бидете родител, прво што треба да направите кај вашиот лекар  е мерење на крвниот притисок , а тоа понатаму треба да биде редовна пракса.  Девојките кои остануваат бремени од 20  до 24 годишна возраст, имаат помаклу шанси за хипертензија за време на бременоста.

Вашите емоции
Како ќе ја доживувате бременоста зависи од други животни фактори. Некои девојки кои се борат да добијат унапредување на работа на почеток може да бидат амбивалентни и лути, вели Дајана Рос Глејзер, д-р, психотерапевт во Woodland Хилс, Калифорнија.

-“Друга грижа е телото, што е поголем проблем за повеќето жени во нивните 20-ти, отколку оние кои се постари. Исто така, жената на оваа возраст се фокусира повеќе на нејзиниот брак отколку на другите делови од нејзиниот живот, како и нејзината работа, и додавањето на трето лице, може да биде тешко “, вели Глејзер.

Ризиците за вашето бебе
Ризикот од спонтан абортус во текот на овие години е околу 9,5 отсто, што е најниско ниво во текот на животот , бидејќи вашите јајце-клетки се уште се релативно млади.

Научниците утврдиле дека на оваа возраст кај мајката, помали се шансите бебето да заболи или да биде родено со некаква аномалија,  како Даунов синдром на пример.

Статистиката говори дека еден случај  во 1667 раѓања кај жени на возраст од 20 има ризик, но не мора да се  роди дете  со овој синдром или други хромозомски абнормалности , а колку што е постара мајката, можноста се зголемува.

Од 25 до 29 години

Вашето тело

Ако вежбате и јадете разумно, ќе имате лесно породување и на оваа возраст, а лесно ќе го   вратите телото  во форма. Иако тоа е можно на секоја возраст, сепак во 20-тите е многу полесно да се ослабне после бременоста. Според некои студии, доколку се забремени во 20-тите, се намалува ризикот од рак на дојка и рак на јајници.

Вашите емоции
Во доцните 20-ти би требало да имате стабилна работа, и во зависност од тоа дали сте во брак, со вашиот сопруг на оваа возраст ќе ви биде полесно да се справите со промените кои ги создава родителството.

Ризиците за вашето бебе

Ризикот за спонтан абортус е 10 отсто, само малку повисок отколку за жените пет години помлади. На 25 години, вашите шанси за зачнување на бебе со Даунов синдром се 1 во 1250, како и ризикот да се имаат бебе со какви било хромозомски абнормалности е 1 во 476.

Од 30 до 34

Вашето тело
Плодноста започнува да опаѓа на 30-годишна возраст, но оваа промена се случува постепено. Доколку ви е потребен третман за неплодност, вашите шанси за успех се повисоки отколку што се за повозрасна  жена. За жените под 35-годишна возраст стапка на успех на ин витро фертилизација (ИВФ),  на пример е 25 до 28 проценти; за оние над 40-годишна возраст, таа стапка се намалува на 6 до 8 проценти. Една студија покажа дека стапката на царски резови е два пати поголема кај жените на возраст од 30 до 34, отколку кај оние кои се во нивните 20-ти години од животот.

Вашите емоции
“Жените кои се целосно вклучени во нивната работа во своите 30-ти години често се чувствуваат емоционално подготвени да започнат со формирање на семејство”, вели Глејзер. “И тие имаат енергија и ресурси за да се направи тоа. Но, тие исто така може да се чувствуваат емотивно растргнати во различни насоки. Вообичаено на оваа возраст жените се загрижени за тоа дали тие ќе бидат во можност да се вратат на работа и на стариот начин на живот .”

Ризици за вашето бебе
Ризикот за спонтан абортус е 11,7 проценти. Над 30 годишна возраст ризикот од бебе со Даунов синдром е 1 во 952 и бебе со било хромозомски абнормалности, 1 во 385.

Од 35 до 39 години

Вашето тело

Плодноста продолжува да опаѓа по 35-годишна возраст, и тоа со значителен пад на возраст од 38 па нагоре, вели Бенџамин Јангер, извршен директор на Американското друштво за репродуктивна медицина, во Бирмингем, АЛ. -“Падот се должи главно на фактот дека јајце-клетките на жената стареат, и стануваат се потешки  за  оплодување”- додава тој.
До 35-годишна возраст, повеќето лекари укажуваат на тоа дека двојките треба да имаат незаштитен секс  цела една година пред да бараат третман за неплодност.

“Најголем проблем на неплодните парови е одложениот третман, бидејќи постои голема разлика во стапката на успех помеѓу жена во доцните 30-ти и оние во почетокот на 40-тите години”, вели Рут Фретс , д-р, клинички инструктор по акушерство и гинекологија при Медицинскиот факултет Харвард.

Ризикот од висок крвен притисок во текот на бременоста е двојно поголем за жени над 35 во споредба со помладите; хипертензија имаат околу 10 до 20 проценти од бремените жени во оваа возрасна група. Гестацискиот дијабетес е два до три пати почест кај жените над 35-годишна возраст отколку кај помладите жени, а последните истражувања покажуваат дека ризикот е уште поголем ако жената има стекнато тежина во текот на годините.

Можноста за царски рез е околу двапати повисока кај жените на возраст од 35 до 39 години.

Вашите емоции
Ова е време кога вашиот доктор може да препорача амниоцентеза или некој друг пренатален скрининг затоа што многу од жените на оваа возраст се плашат плодот да не биде со Даунов синдром или хромозомски нарушувања.

Ризици за вашето бебе
Шансата да се имаат повеќе деца, особено близнаци, па дури и тројки, значително се зголемува во доцните 30-ти (и почетокот на 40-тите години) кај вештачко оплодените жени. -“Ова веројатно се должи на фактот дека хормоналната стимулација на јајниците се зголемува како и шансите дека  ќе се ослободи повеќе од една јајце се зголемуваат”, вели д-р Јангер. Жените кои земаат лекови за плодност се исто така изложени на поголема мочност од повеќекратна бременост поради тоа што лековите се стимулира јајниците да произведат повеќе јајце-клетки.
Исто така и можноста од  спонтан абортус се зголемува кај жени по  35-та година и таа достигнува до 18 проценти.
pregnancy
Од 40 до 44

Вашето тело

Пред се добрите вести. Нова студија покажува дека жените кои имаат бебиња после 40-тата без помош на вештачко оплодување живеат подолго од тие кои немаат. Зошто? Затоа што естрогенот се зголемува значително кај плодните жени.
Колку добро ќе го носите бебето и како ќе се породите зависи од неколку фактори, меѓу кои се и состојбата на телото и здраствените навики.

Вашите емоции
Во вашите 40-ти имате богато животно искуство, зрели сте  и  едноставно знаете како да исчувате едно дете. Како и жените во 40-ти и по оваа возраст имате  трпение повеќе отколку оние кои се во 20-тите.

Ризици за вашето бебе
Околу една третина од сите бремености кај жените на возраст од 40 до 44 завршуваат со спонтан абортус. Постојат неколку причини: Јајце-клетките може да се проблематични, поставата на матката може да не е доволно цврста, или снабдувањето со крв на матката не може да биде доволно богато за да се одржи бременоста. Ризиците на плацента превиа (во која плацентата се наоѓа на ниско ниво во матката, делумно или целосно го блокира грлото на матката) и плацентарна абрупција (во кои целата  или дел од плацентата се одвојува од ѕидот на матката) се исто така,  зголемени. Бебињата родени од жени во своите 40-ти, исто така, со поголема веројатност  имаат помала родилна тежина.

Ризици за хромозомски пореметувања при раѓањето се зголемува постојано со секоја година во вашите 40-ти. Ако се породите на возраст од 40 години, вашето бебе има 1 во 106 шанси да се роди со Даунов синдром и 1 во 66 шанси  да се роди со било какви хромозомски абнормалности.

Она во што се согласуваат сите научници кои ја истражуваат оваа област е дека ништо не е посилно од волјата да се стане мајка, на било која возраст.