Брестовац нов селектор на младинците и на кадетите  вo ракомет

 

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска го назначи Данило Брестовац за нов селектор на кадетската и младинската репрезентација.

РФМ донесе одлука да ја награди младинската репрезентација со 10 илјади евра за освоеното шесто место на Светското првенство во Алжир, а селекторот Илија Темелковски кој ги предводеше младинците до одличниот резултат ќе добие награда од 1.000 евра.

Управниот одбор на РФМ на седницата го усвои и извештајот на Раул Гонзалес за настапот во квалификациите и обезбедениот пласман на А селекцијата на ЕП 2018 во Хрватска.

– Го поздравувам успехот и честитки до сите, од стручниот штаб, репрезентативците и останатите кои беа вклучени во работата на репрезентацијата. Посебна благодарност до сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко кој ни излезе во пресрет во многу важен период за клубот, рече претседателот на РФМ Живко Мукаетов.