Британскиот министер за одбрана поднесе оставка заради допирање на колено на новинарка во 2002 година

Министерот за одбрана на Велика Британија денеска поднесе оставка на својата функција заради ,,грев“ од 2002 година.

Имено, медиумите деновиве почнаа да му вадат ,,валкан веш“ на Мајкл Фалон, а неговата рака на коленото на радио новинарката  Џулија Хартли-Бруер пред 15 години, го чинеше функција.

Иако неговиот портпарол изјавил дека Фалон веднаш и се извинил, сепак тој решил да поднесе писмена оставка на функцијата до премиерката Тереза Меј.

Во оставката пишува дека ,,заради однесување во минатото кое е спротивно на  високите стандарди за позицијата што ја извршува“, поднесува оставка со чувство дека ,,паднал “ на испитот за висок морал потребен за оваа функција.

Овој чин на министерот Фалон во британскиоте медиуми е оквалификуван како ,,сексуално вознемирување“.