Бугарите Ајдарски и Кадоглу победници на 10 километарскиот Олимпискиот маратон во Охрид

 

Бугаринот Венцислав Ајдарски, со време од 1 час 54 минути и 48 секунди, е победникот на првото издание на Олимпискиот маратон на 10 километри, што се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.
Ајдарски,триумфираше,практично во фото финиш,кога за дел од секундата беше побрз од холанѓанецот Марсел Шутен.
Нашиот претставник, пливачот Александар Илиески,пристигна трет на целта Илиески наредниот викенд ќе плива и на големиот маратон што ќе се одржи во Охрид.
Најбрза во женска конкуренција беше 14 годишната бугарка Василики Кадоглу со време (2.20.37), додека како второпласирана заврши Тјаша Возел од Словенија.
Организаторот на трката –МОК, која се одржа под мониторинг на ФИНА се надева дека Охридскиот олимпинки маратон ќе добие позитивни оценки што ќе го стави во календарот на светската пливачка федерација догодина.
На Охридскиот олимписки маратон учествуваа 12 пливачи.