Европскиот суд за човекови права по повеќе години судски процеси, пресуди во корист на ОМО ,,Илинден“ и ѝ нареди на Бугарија да плати 33.220 евра отштета што произлегува од случаите на “Обединетата македонска организација Илинден” и други, поради одбивање на регистрација и забрана на митинзи.

ECHR (Европски суд за човекови права) ги објави своите наоди во случаите на “Обединетата македонска организација Илинден”, Јордан Иванов и други, и Кирил Иванов против Бугарија, вчера, на 11 јануари 2018 година.

Првите два случаи се однесуваат на жалби во врска со одбивањето на властите да дозволат регистрација на здружение во Бугарија, “Обединетата македонска организација Илинден”, во одлуките 2014-16 и 2012-13, последователно.

Третата жалба се однесуваше на забраната на митинзи на луѓе кои се поврзани со таа група, во септември 2006 и септември 2007 година.

ОМО ,,Илинден“ е формирана и делува во југозападна Бугарија, во област позната како Пирин. Неговите организатори имаат  цел  признавање на македонското малцинство и да организираат комеморативни настани на различни локации во регионот.

Меѓу другото, тие тврдат дека во минатото имало тортура врз малцинството и дека проблемите со неговите права продолжуваат. Судот се занимава со слични жалби од страна на оваа  организациј во минатото и утврди прекршување на членот 11 (слобода на собирање и здружување) на Европската конвенција.

Во првата од новите апликации, “Обединетата македонска организација Илинден” и двајца нејзини членови се жалеа поради одбивањето на бугарските власти да ја регистрираат групата како здружение во судските пресуди донесени во 2014 година во прва инстанца и по жалба во 2015 година. Врховниот суд донесе одлука против допуштеноста на дополнителна жалба во 2016 година.

Една од причините што ги даде првостепениот суд беше тоа што наводно утврдиле дека наведените цели на здружението покажуваат дека има намера да предизвика национална и етничка омраза.

Втората поплака беше направена од девет бугарски државјани, од кои првите двајца се претседател и заменик-претседател на Илинден, кои се исто така апликанти во првиот случај.

Тие се жалеа на претходно одбивање од страна на властите да ја пријават својата организација како здружение во постапки што завршиле откако Врховниот Касационен суд одбил да ја признае ревизијата во 2013 година.

Како и наоѓање на недостатоци во документите за регистрација, судовите, исто така, покренаа прашања за наведените цели на организацијата. Особено, првостепениот суд утврдил дека нејзините цели биле насочени против безбедноста на остатокот од граѓаните на земјата и би довеле до непријателски односи меѓу Македонците кои наводно се соочиле со дискриминација и други Бугари.

Во третиот случај, Кирил Костадинов Иванов се пожалил на одбивањето на властите да дозволат два митинга, еден во септември 2006 година од страна на Македонската иницијатива и еден од ,,Илинден“ во септември 2007 година.

Иванов, кој е брат на еден жалител во првите два случаи, беше вклучен во организирање на двата настани. Бугарската Влада како причина за одбивање да го дозволи првиот митинг, го навела  фактот дека може да дојде до инцидент заради концертот планиран за истиот ден, особено поради тоа што настанот на Иванов требаше да биде со политички  природа.

Жалителите во сите три случаи се жалеле особено на член 11 (слобода на собирање и здружување). Кирил Иванов, исто така, се жалел според член 13 (право на ефективен правен лек).

Констатирана е повреда на член 11 – во двата први случаи и, во случајот на Кирил Иванов, во врска с со митингот планиран за 30 септември 2006 година, прекршување на член 13 – во случајот на Кирил Иванов, во врска со планираниот митинг за 30 септември 2006 година.

Судот  додели отштета од 12.000 евра на “Обединетата македонска организација Илинден”, со трошоци од 1.220, во случајот на Јордан Иванов и други, нареди да се исплати заради нанесена штета, казна  од 12.000 евра и трошоци од 2.000 евра, а во случајот на Кирил Иванов 6.000 евра отштета.

 

АКО.мк