Бугарска офанзива за официјализирање на бугарско малцинство во Албанија

Македонци или Бугари? – е прашањето што си го поставуваат медиумите во Албанија по реакцијата на официјална Софија, која бара нејзини претставници да учествуваат во јавната дебата за предлог-законот со кој Албанија за првпат ќе признае постоење на национални малцинства. Со овој предлог-закон се признава постоење на македонско национално малцинство, но не и на бугарско, кое практично го нема во Албанија, но бугарски емисари вршат побугарчување на Македонци во Мала Преспа и Голо Брдо, нудејќи им веднаш бугарски пасоши.

 

Дебатата за нацрт-законот за националните малцинства наиде на реакција и негодување од страна на Бугарија- известува албанскиот ТОП канал. Софиското дипломатско претставништво  во Тирана , официјално  се обрати преку е-маил до албанскиот Парламент, барајќи да биде дел од дискусијата што ќе се одржи денеска. Барањето е прифатено од страна на Собранието и двајца претставници на бугарската амбасада, ќе биде дел од расправата за законот.

Заедно со нив и две здруженија што тврдат дека постои бугарското малцинство во Албанија. Но, осврнувајќи се на Пописот од 2011 година, нема регистриран бугарски државјанин, но има 5512 Македонци. Се чини дека ова е фактот поради кој Софија веднаш ја започна својата дипломатска офанзива, а со оглед дека на листата на признаени осум национални малцинства во Албанија е токму македонското. Но, самодекларирањето е клучен фактор за новата правна дефиниција на она што ќе биде познато како малцинство во Албанија.

“Ако се осврнеме на малцинствата наведени во законот, може да се каже дека за малцинство може да се смета населението кое ја задоволува комбинацијата на два критериума или два аспекти кои штотуку ги споменав. Значи, самопрогласување на субјективниот аспект и објективната работа на институциите за да се потврди она што е прогласено “, изјави за ТОП канал Дитмир Бушати.

Не е познато што може да побараат Бугарите и двете постоечки здруженија кои тврдат дека  во Албанија има Бугари, кои всушност се Македонци. Пописот е веќе завршена работа, а верификацијата на малцинствата би била висока цена за Владата во Тирана, која може да има политички компликации, особено со соседната земја Македонија.

Но, од друга страна во јануари, Бугарија го презема претседателството со Европската унија. За Албанија, која се повикува на преговори во јуни, ова е  дополнителна главоболка, пишува ТОП канал.