Бугарскиот претседател Румен Радев го распушти Парламентот

Бугарскиот претседател Румен Радев го распушти Парламентот и распиша вонредни парламентарни избори за 26 март. Дотогаш функцијата премиер ќе ја извршува Огнен Герџиков.

Ова е прва одлука на Радев откако пред 5 дена положи заклетва. По поразот на кандидатката на ГЕРБ Цецка Цачева, премиерот Бојко Борисов поднесе оставка.