Бугарските пасоши ги побугарчија и Македонците во Албанија

Бугарија продолжува со тивката асимилација на Македонците каде и да се. Примамливиот европски бугарски пасош и бесперспективноста на младите во Македонија, бугаризираа близу 100.000 Македонци кои прифаќаат да се впишат како Бугари во графата и да примат бугарско државјанство за пари, за да дојдат до посакуваниот пасош кој ќе им ги отвори вратите на сите земји во ЕУ.

Но, Бугарија не сопира тука. Таа сега врши агресивна кампања во соседна Албанија, посебно во областа на Голо Брдо и Мала Преспа каде Македонците имаат право да се декларираат како такви. Официјална Софија деновиве испрати емисари кои пропагираат дека Македонците во Албанија се всушност Бугари, а јазикот на кој зборуваат тие бугарски. Меѓу населението се зборува дека емисарите од разни невладини организации им нудат не само бугарски пасоши, туку и пари на Македонците.

На 18 април во Корча во Албанија бил Милан Врабевски од фондацијата ,,Бугарска памет“, кој ги посетил учениците во училиштето,,Св.Кирил и Методиј“ кои учат како што известуваат бугарските медиуми, на бугарски јазик. Тој таму поделил покани за учество на семинар на неговата фондација на есен во Бугарија , а патем поделил и подароци за развој на двете паралелки.

Во рамки на посетата тој го посетил и градоначалникот на градот Билишта Бледион Налбати , со кого разговарале за соработка, но и за односите меѓу ,,Бугарите и Албанците“ во овој град. На средбите присуствувале и претставници на здруженија за албанско-бугарско пријателство и тоа Димитри Никола, неговиот заменик Елвис Таљори и секретарот Јани Никола.

IMG_4893-

Врабевски искажал подготвеност да даде и моралан и материјална поддршка за ,,проевропски кандидат за градоначалник на Мала Преспа-област со 9 бугарски села“ како што се наведува во соопштението на оваа фондација.

Во мај се планира посета на овие предели во Албанија од Росен Плевнелиев, поранешен Претседател на Бугарија и европратеникот Андреј Ковачев кпој беше еден од подносителите на Резолуцијата за признавање на бугарско малцинство во Албанија во ЕП.

Додека во Македонија Македонците очи си вадат , Бугарите не спијат. Тие продолжуваат со планираната и системска асимилација Македонците не само во Македонија, туку и во Албанија. Тоа се истите они Македонци кои ВМРО ДПМНЕ ги носеше со автобуси да гласаат за нив на локалните избори во Скопје, но потоа и за парламентарните. Сега, бидејќи се моментално непотребни, стануваат невидливи. Или можеби сепак, ова е некоја подолгорочна ујдурма која има длабоки корени во историското минато, чии процеси очигледно на Балканот уште не се завршени.

АКО.мк