Буфон го одигра рекордниот 170. меч за Италија

 

На дербито со Шпанија, Џиџи Буфон  го забележа настапот број 170 во репрезентацијата на Италија, што е рекорд во Европа, но овој дуел тој нема да го памети по добро бидејќи неговата репрезентација на Сантијаго Бернабеу загуби со 3-0.

Шпанците беа подобриот противник на теренот и заслужено стигнаа до оваа важна победа во борбата за првата позиција во групата во која се наоѓа и нашата селекција. Иско во два наврати го матираше а точка на натпреварот стави Мората.

Со овие три бода, „Црвената Фурија“ практично го обезбеди првото место на табелата и директен пласман на мундијалот во Русија, а Италија ќе мора да се помири со бараж.

За Италијаните ова беше прв пораз во еден квалификациски натпревар по 57 одиграни натпревари.