Со замотана глава со завој, градоначалникот и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, од митингот на коалицијата и ВМРО ДПМНЕ, упати прашање до СДСМ:

,,Најпрво сакам да ги повикам нашите Роми кои што живеат во општина Шуто Оризари да сфатат дека наспроти паролата на СДСМ  „живот доаѓа во Македонија“, животот не е дојден.  Јас сакам да ги прашам сите дали животот доаѓа со вакви последици како што ми се случија на мене?  Дали животот е тоа што треба да ме тепа и удира некој од нивна страна?“-рече од говорницата Бајрам.

Тој ги повика своите сожители да гласаат за него и за ВМРО ДПМНЕ и ги предупреди дека ако другите дојадат на власт, како што рече, може да им се случи истото што и нему.