Валандово бара референдум за заштита на околината по примерот на Гевгелија

Откако гевгеличани кажаа речиси стопроцентно НЕ на отворањето рудници на Кожуф, барање за референдум во општина Валандово пристигна од советничката група на СДСМ.

,,Нашата општина Валандово веќе подолг период е исправена пред истите предизвици и ризици од отворање на рудници и претвoрање на земјоделската и еколошка Валандовска котлина во рударски крај. Со оглед на сериозноста на прашањето, Советничката група на СДСМ на 11-ти април 2017 година, поднесе барање за свикување на итна и јавна седница на Советот на која ќе се дискутира забарањата на граѓанската иницијатива “Спас за Валандово”, но до денеска се уште не нема одговор нашите барања“-изјави координаторот на оваа советничка група Перо Костадинов.

Костадинов упати уште еден апел до претседателката на Советот на Општина Валандово г-ѓа Јасминка Сечкова и до сите негови колеги советници во Советот на Општина Валандово без оглед на нивната партиска припадност во најбрз можен рок да ја одржат Седницата на Советот на Општина Валандово на која би изгласале одлука за одржување на референдум. На реферндумот граѓаните на оваа општина би го искажале својот став по однос на прашањето за отворање рудници во Валандовската котлина која важи за една од најеколошките котлини во Македонија.