Вардар во група со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг

Рускиот Зенит шпанскиот Реал Сосиедад и Розенборг од Норвешка се противниците на Вардар групната фаза на Лига Европа. На ждрепката одржана во Монако македонскиот шампион се најде во не многу атрактивната група “Л”.

Група А: Виљареал, Макаби Тел-Авив, Астана, Славија Прага

Група Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербег,

Група Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Башекшекир

Група Д: Милан, Австрија Виена, Ријека, АЕК

Група Е: Лион, Евертон, Аталанта, Аполон Лимасон

Група Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф, Злин

Група Г: Викторија П’лзен, Стеауа, Хапоел Бер-Шева, Лугано

Група Х: Арсенал, Бате Борисов, Келн, Црвена Звезда

Група И: Салцбург, Марсеј, Виторија, Коњаспор

Група Ј: Атлетик Билбао, Херта, Зорја, Остерсунд

Група К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витесе

Група Л: Зенит, Реал Сосиедад, Розенборг, Вардар

Првото коло е закажано за на 14 септември, додека вардарци својот последен есенски настап во ова натпреварување ќе го одигра на 7 декември. Најдобрите две екипи од секоја група продолжуваат во пролетните елиминации, почнувајќи од шеснаестинафиналето, каде ќе им се придружат и осумте третопласирани екипи од Лигата на шампионите.