Вардар го раскина договорот со Црногорецот Којашевиќ

Црногорскиот репрезентативец Дамир Којашевиќ и Вардар спогодбено го раскинаа договорот,  со што црногорскиот интернационалец ќе може да бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Којашевиќ дојде во Вардар во јануарскиот преоден рок во 2016 година, настапи на 50 натпревари, на кои постигна 13 гола. Тој зад себе запиша 40 настапи во првенството, седум во Лигата на шампионите и Лига Европа и три во Купот на Македонија.

Како негова следна дестинација се споменува босанскиот тим на Сареаво, за кого Којашевиќ беше дел од тимот во периодот од 2010 до 2012 година.

Вардар во финишот на преодниот рок остана и без репрезентативецот Стефан Спировски, кој својата кариера ќе ја продолжи во унгарски Ференцварош.