Вардар се пласираше во групната фаза на Лига Европа

Со пласманот во групната фаза на Лига Европа фудбалерите на Вардар го остварија најголемиот успех во историјата на македонски клупски фудбал. По победата од 2:0 на првиот меч во Скопје, вардарци вечерва на реваншот против Фенербахче во Истанбул исто така тримфураа , овојпат со  2:1 и го елиминираа турскиот преставник.

Фенербахче поведе преку Нојтштетер во 61 минита,  седум минути подоцна изедначи Џигаури, а за резултатски пресврт се погрижи Глигоров во 92 минута.Треба да се напомене одличната тактика што ја постави новиот вардаров тренер Чедомир Јаневски.
Ждрепката за групната фаза на Лига Европа ќе се одржи утре во Нион.