Вардар го освои пехарот во ракометната Лига на шампиони! Во исклучително драматичен натпревар , македонскиот ракометен клуб Варадр го победи големиот ракометен клуб ПСЖ со 24:23.

Македонскиот тим во поголемиот дел од натпреварот имаше предност, најчесто од еден или два гола, но победничкиот гол беше постигнат во последните секунди.

На седум секунди пред крајот Вардар водеше со гол разлика, но тогаш фаворитете од Париз, изедначија на 23:23.
Со голот на Иван Чупиќ, Вардар победи со еден гол разлика и стана европски шампион во ракомет во Лига на шампиони.

Претходно, Вардар го победи ракометниот клуб Барселона, која исто така важеше за фаворитит.

По женската екипа на Кометал, ова е вторпат клуб од Македонија да ја освои Лига на шампиони во ракомет.

По победничкиот гол, на улиците низ градовите во Македонија можеше да се чуе експлозија од радост.