Вардар ќе добие 2.6 милиони евра за пласманот во групната фаза на Лига Европа

 

Вардар добро ќе ја наполни касата со пласманот во групната фаза на Лига Европа. 2.6 милиони евра од УЕФА ќе легнат на контото на црвено-црните за историскиот успех. Треба да се земе  предвид дека вардарци ќе се офајдат и од шесте настапи во групната фаза бидејќи се наградува секоја победа или реми. Тука се и приходите од продажбата на билети и од тв правата.

Претходно, македонскиот првак обезбеди 960.000 евра од самото учество во квалификациите за Лигата на шампионите.

Инаку,според најавите фудбалерите и стручниот штаб на Вардар за пласман во групната фаза  во Лигата на Европа ќе поделат околу 500.000 евра.