Вашата кожа не сака благо

Претераното користење слатки, посебно шеќер, може да влијаат многу лошо на вашата кожа. Таа ќе изгледа уморно, нездраво и без сјај, а ќе се појават и акни и мозолчиња. Затоа, дерматолозите порачуваат да се внимава на секое залче благо што го внесувате во уста.

Меѓу најлошите намирници за кожата е шеќерот и тоа рафинираниот.

slatko-patuvanje

Па затоа се препорачува желбата за нешто слатко да ја задоволите со користење на суво грозје, јаболко или разно овошје, бидејќи овожниот шеќер е поприфатлив за организмот.

skin2

Исто така, млекото и млечните производи, доколку се користат во прекумерни количини може да влијаат негативно за здравјето и изгледот на вашата кожа. Тие содржат хормони кои влегуваат во крвотокот и може да дојде до презаситување.

Освен мрсната, брзата храна, маргаринот, разни грицки, на списокот производи кои не придонесуваат за добар и квалитетен изглед на вашата кожа, се секако и разните преработени и газирани сокови кои се полни со шеќер.

Големото количество шеќер не се одразува добро на кожата, но и здравјето и придонесува за побрзо стареење, односно брчки на кожата.

Затоа, најдобар лек е консумирање на природна и здрава храна, велат дерматолозите.