Велешани годинава го почитувале делумно апелот на локалната самоуправа да се воздржуваат од палење огнови, за да не го загадуваат дополнително воздухот. Како што пишува порталот Дума, тие палеле помали огнови низ велешките маала, но се придржувале кон останатиот дел од традицијата, па изнеле надвор богати бадникарски трпези и пееле коледарски-еротски песни.

Низ Велес се пеат и еротските песни како „Јанко петел јаваше“, „Баба оди по Бабуна Боса“, „Печи, печи сирење“, „Матен вардар дотече“, „Коледица, вртулица“, „Пали оган, смеј се“, „Крц, крц лубеница“.

Овие песни се пеат само во велешко и само оваа ноќ, на Коледе.

Дума објави  дел од текстовите на коледарските или еротски песни:

Печи , печи сирење
„Печи, печи сирење, На врба му корење, Чур п*чка мириса, Летна пи*ка да бега. Оди моме друмови, Ја сретнале дрвари: Ој, мори п*чко крваво, Каде ќе се криеме, Под бога сенице, Стамбол седеше, Бела книга пишеше, Пи*ката си ја бришеше.“

Коледе на Бузаана

Песни:

Матен Вардар.
„Матен Вардар дотече, Сандак п*чки довлече. Сите беа стрижени. Само една не беше, И таа се е*еше.“

.Коледица, вртулица
„Коледица вртулица, Врти пи*ка на полица“.

Пали оган
„Пали огин, греј се, Гледај пи*ка, смеј се.“

Крц, крц лубеница
Крц, крц лубеница, На Јанкова воденица. Јанко петел јаваше, К*рот му се маваше. Две жени го гледаа, Гологлави бегаа. Одоздола идат три жени,
Со пи*ките стрижени. Јанковица викна, Јанко и го пи*на.

Повеќе на:ДУМА