Велешанка дала 11.000 евра на измамник за да стане пратеник и координатор на партија

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама”. Пријавениот во текот на 2016 година, лажно се претставувал дека е вработен во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, при што измамил женско лице од Велес дека со негово посредство ќе и овозможи да биде зачленета во одредена политичка партија, а потоа поставена за координатор за град Велес, како и кандидат за пратеник во изборна единица, за што оштетената му дала 700.000 денари.