Велјановски:Министерството за култура се менаџира како невладина организација

Роберт Велјановски на  панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека го засега податокот оти дел од капиталнит инвестиции што биле почнати од Владата која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ не се предвидени со новиот ребаланс на буџетот, потенцирајќи дека со тој ребаланс нема да почне изградбата на новиот објект на Драмскиот театар во Скопје.

,,Можам да потврдам дека условите за работа во тој објект се под секое ниво, не говорам само за ниво за достоинствено работење, туку под секое ниво за уметничка изведба и се надевам дека ќе смогнат сили во следниот буџет да овозможат средства за да се изгради Драмскиот театар. На крајот на краиштата на денот на примопредавањето на должноста заменикот министер за култура, Владимир Лазовски, кој што е наш колега актер, изрази едно ветување дека ќе се заложи за изградбата на објектот на Драмскиот театар и дека тој ќе застане зад тој објект. Односно, дека Драмскиот театар ќе добие нов објект со што би се овозможиле одлични, сериозни услови и за уметничко творештво, но и услови за да речеме, едно достоинствено работење на луѓето од нашата фела“, истакна Велјановски.

Потенцира дека тој споменувал некои принципи на работа кои многу повеќе наликуваат на некоја Невладина организација отколку за Министерството за култура.

Според него, апсурдно е што ова министерство се менаџира како Невладина организација зашто, како што рече, треба да биде столб на македонското општество.

-Ние не можеме да го освоиме светот со пари. Не можеме да го освоиме светот со војска. Не можеме да го освоиме светот никако поинаку, освен преку промоција на културните вредности на нашата нација, посочи Велјановски.

Во врска со 11-те мерки кои беа промовирани за заштита на македонскиот јазик, тој истакна дека најпрво треба тој да се штити во Република Македонија, а потоа да се преземаат мерки кои со кои тој би се штител надвор од границите на државата.