Венгер го пријави Дејан Илиев во составот на Арсенал за Премиер лигата

Англискиот премиерлигаш Арсенал го пријави македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев во составот со кој ќе се натпреварува во Премиер – лигата оваа сезона. Менаџерот Арсен Венгер одлучи да го вклучи Илиев на списокот на својот тим, а го изостави Санти Казорла, кој долг период се мачи со повреда и нема да се опорави најмалку до јануари.

Инаку, Илиев беше дел од У-23 тимот на Арсенал, а сега ќе има право за настап и во сениорскиот тим каде сепак пред него се голмани како Чех и Оспина, а пријавен е и младиот Мет Мејси кој е неопходен за пополнување на местото на играчи од сопствената академија.

Дени Илиев во моментот заедно со репрезентацијата на Македонија се наоѓа во Хаифа, во пресрет на вечерашниотквалификациски натпревар против Израел во циклусот за СП 2018 во Русија.