Весна Петрушевска го паркирала автомобилот под мостот ,,Гоце Делчев“ по што отпливал во Вардар

Автомобилот којшто Пожарната го извади  од Вардар е на актерката Весна Петрушевска, објави порталот СДК.

Петрушевска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не знае како се нашло нејзиното возило во Вардар, бидејќи таа кога одела на проба во МНТ, го паркирала автомобилот под мостот и влегла во театарот.

„Уште сум во шок, не знам што се случило. Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мосотот, каде постојано сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска за СДК.

Попладнето околу 17 часот, повеќе очевидци го фотографираа жолтиот автомобил како плови по Вардар, а фотографиите ги постираа на социјалните мрежи.

 

Екипи на ППБ го извадија со помош на сајли. Автомобилот беше видно оштетен за време на вадењето од реката.

Фото: Весна Петрушевска на балконот на МНТ