Вес Мичел доаѓа на местото на Викторија Нуланд

Д-р А. Вес Мичел, којшто доаѓа на местото на  Викторија Нуланд,  положи заклетва како помошник државен секретар на 12 октомври 2017 година. Како помошник секретар тој е одговорен за дипломатските односи со 50 земји во Европа и Евроазија, како и со НАТО, ЕУ и ОБСЕ.

Пред да се приклучи на Стејт Департментот, д-р Мичел помина дванаесет години во Центарот за анализа на европската политика, тинк-тенк посветен на проучувањето на Централна Европа. Како ко-основач на CEPA, тој работеше како претседател и главен извршен директор од 2009 до 2017 година и директор за истражувања од 2006 до 2009 година. Д-р Мичел одигра значајна  улога во растот на CEPA и придонесе таа да стане водечка трансатлантска експертска група со канцеларии во Вашингтон и Варшава, Полска.

Од 2013 до 2016 година, д-р Мичел претседаваше со Работната група за Европа за иницијативата Џон Хеј. Тој исто така работел во советодавни одбори за неколку американски и европски институти, вклучувајќи го Институтот за геостратегија Збигњев Бжежински, Словачката атлантска комисија, Прашкиот центар за трансатлантски односи, Атланската иницијатива Берлин и Друштвото на Александар Хамилтон.

Д-р Мичел е автор на бројни статии и извештаи за трансатлантските односи и меѓународната безбедност. Неговите дела се   преведени на десет јазици, а биле публикувани во  Вашингтон Пост, Вашингтон Тајмс, Интернешнал Хералд Трибјун, Американски Интерес, Национален Интерес, Орбис и Интернационал Политик. Тој е ко-автор на две книги за геополитика, меѓу кои и неодамна објавената Необична граница: ранливи сојузници, растечки ривали и криза на американската власт (со Јакуб Ј. Григиел). Неговата трета книга ќе биде објавена во 2018 година.

Тој зборува германски, а  студирал и холандски и чешки јазик.