Вака изгледа утрешната насловна страница на дневниот весник “Вечер”. Извинување за ширење дезонформации и клевети по сензационалистичките објави дека, наводно “први дознаваат”, а очигледно “последни сфаќаат” дека, вистината е како шило.
Утре сум на судско рочиште со МАН кој жестоко застана во одбрана на авторката на клеветите Ивона Талевска тогаш уредник на Вечер и изнесе дополнителни клевети.
Биле вчудоневидени како агенција од мојот тогашен фејсбук статус, односно како сум можела да кажам дека “И. Т ќе одговара двапати”. Па еве, господа – како автор на клеветнички текст еднаш и вторпат како уредник на весник вторпат. Нека си купат Вечер да дознаете втори…
Се надевам утре ќе ги видам на суд . (ФБ статус на пратеничката Фросина Ременски)

Имено, во утрешниот број на весникот Вечер, на насловната страница е поместено извинувањето на весникот и поранешнта главна уредничка, Ивона Талевска, до сопругот на пратеничката, Јовче Ременски, кој е вработен во МВР.

Талевска се извинува за текст во кој го наклеветила Ременски, дека лично му предал прислушувани разговори на Зоран Божиновски.