Секретарката и долгогодишна животна сопатничка на Ванчо Михајлов, Вида Боева, на 20-ти мај ќе наполни 80 години. Таа е родена во 1938 година во Охрид. Во нејзината биографија стои дека била бугарска патриотка, и членка на Македонска патриотска(Патриотическа) организација на Ванчо Михајлов.

Интересно е што таа е активна на ФБ, или некој ја одржува нејзината ФБ страница, зборувајќи во нејзино име, и на тој начин одржувајќи ја идејата на МПО, спомнувајќи и славејќи ги нејзините членови и ликот и делото на Ванчо Михајлов.

Еден од последните постови на Боева е коментарот за посетата на бугарскиот претседател Румен Радев на Бигорски манастир. Боева или некој во нејзино име, со оглед на нејзините години, прашува:

—————————————————————————————————–Вида Боева Попова

Will there be sun for us?
Welcome to Macedonia   (Ќе има ли сонце за нас. Добредојде во Македонија)

Бигорският манастир посрещна президента Румен Радев с…
По многубројните коментари Вида Боева пишува:
Вида Боева Попова Иван Михайлов, легендарният вожд на ВМРО и в България бе нелегален. Искам да кажа, че трески за делане има и още как; но ние сме един народ в две държави.
(Иван Михајлов , легендарниот вожд, водач, на ВМРО и во Бугарија беше нелегален, уште многу дрва има за делкање. Но, ние сме еден народ во две држави)-констатира Боева.
—————————————————————————————————-
Тоа е всушност и постојаната идеја водилка во животната кариера на Ванчо Михајлов, дека не постои македонски народ, туку две држави на ист, бугарски народ.

Вида Боева, многумина ја карактеризираат како верна секретарка, иако таа повеќе сака себеси да се нарече соработник, на еден од најконтроверзните лидери на македонското револуционерно движење-ВМРО. Родена е во Охрид, а во родниот град за прв пат, по 46 години илегално живеење во Италија, дошла во 1999 година. Ванчо Михајлов, го запознала во 1961 година  и оттогаш е неразделна од него се’ до неговата смрт во 1990 годин. Таа и денес го негува споменот и култот на него.

Живее во Рим со спомените и комплетната архива на Михајлов, но и со неговите ставови за Македонија, за кои вели дека се и нејзини ставови.

Михајлов почина во 1990 година со идејата дека Македонија треба да биде независна држава, но никогаш не ја призна посебноста на македонската нација.

Единствен наследник на ВМРО, како што Вели Боева за Ванчо Михајлов бил МПО, основан и координиран од него.

 

Фото: Вида Боева , прва од лево со Ангел Џамбаски, актуелен бугарски европратеник

Фото2: Вида Боева , фотографија за студентска книшка на Римскиот Универзитетет

АКО.мк