ВИДЕО:Младиот тенисер Шапалов со топче го погоди во око судијата

17 годишниот талентиран канадски тенисер Денис Шапалов со тениското топче го погоди главниот судија на мечот Арно Габас во око, по што неговата земја Канада изгуби откако тој беше дискавалификуван од натамошна игра во мечот со Велика Британија во Дејвис купот. Британија во Отава победи со 3:2, после дисквалификацијата на 17-годишниот Шаповалов.

Денис Шаповалов во петиот, одлучувачки натпревар играше против  Кајл Едмунд и губеше со 3:6, 4:6, 2:1, кога после еден поен сакаше да го исфрли топшчете во публика, но тоа заврши во окото на судијата .

 

 

Судијата Арно Габас се фати за лице, на кое имаше голема модринка, му донесоа мраз, но заради болки во окото заврши во болница, а по разговорот со селекторите, одлучено е мечот да се прекине, а Шапалов дисквалификува.

Шапалов потоа на прес конференција му се извини на тенискиот судија, кажа дека многу се срами и дека ова е негова животна лекција.

Дополнително, беше казнет со 7000 долари заради непримерно однесување.

 

АКО.мк,агенции