Во Париз се воведени пробни автобуси кои немаат возачи. АП јавува дека тие се уште се тестираат, но дека сериозно се работи на развојот на овој вид сообраќајно превозно средство заради намалување на загадувањаето.

Сензори и камери на автобусот ЕЗ10 му зборуваат кога тргне и да застане, колку бргу да се движи и каде, во која насока. Ројтерс пренесува дека пробните линии се на релација станица Лион и Остерлиц, а во текот на годината ќе бидат воспоставени и други линии.