ВИДЕО:Словенечки функционер сменет заради покажано незнаење на телевизија

Тилен Смолникар, раководител на одделение за обновливи извори на енергија при Министерство за инфраструктура во Влада на Словенија е сменет откако на државната телевизија беше прикажано како не знае да одговори на ниту едно прашање.

Новинарката го прашуваше за теми во областа на хидроцентралите, енергија произведена од ветер, ветерници и уште десетина други прашања, но тој освен што се смееше, не одговори на ниту едно прашање. По ова, без никаква монтажа беше прикажан целиот снимен материјал во информативна емисија.

Заради јавно покажаното незнаење и посрамотувањето на телевизија, Смолникар е веднаш разрешен од должноста.