ВИДЕО:Шокантен предизборен спот за кампањата на Вучиќ

Изборниот штаб на Александар Вучиќ веќе има подготвено рекламна кампања за претстојните претседателски избори. Додека траеше парадата и се уште трае, за негова поддршка од одбори, коалициски партнери и други, пропагандната машинерија на СНС работи со полна пареа.

Меѓутоа , еден од спотовите што е веќе поставен на Youtube, во најмала рака или благо кажано е шокантен.

Погледнете за што се работи:

Во Србија се води неверојатна кампања на повеќе нивоа дека без Вучиќ нема мир, дека земјата ќе се дестабилизира и ќе настане хаос. Откако актуелниот Претседател и основач на СНС Томислав Николиќ објави дека и тој повторно ќе се кандидира , не престанува хајката против него и тоа најмногу од неговите довчерашни сопартијци.