ВИДЕО: Гинекологот Дамчевски кој ги лажел пациентките дека се бремени, бил главна ,,ѕвезда“ на приватната клиника

На Youtube каналот се уште може да се најде промотивното видео направено од Томато продукција за потребите на приватната болница кадешто работел гинекологот Никола Дамчевски кој сега се наоѓа во центар на досега невиден скандал со лажни бремености:

Имено, порталот Нова откри скандал на жена која ја раскажала својата трауматична приказна и искуство со Дамчевски кој 9 месеци ја лажел дека е бремена.

Жената која нејзиниот гинеколог цели девет месеци ја манипулирал и лажел дека е бремена, не е единствена. Веднаш по објавувањето на сторијата на НОВА, во редакцијата се јавиле десетина жени кои раскажале слични искуства со гинекологот против кој е поднесена тужба. Некои од нив застанаа со име и презиме зад своите изјави, други сакале да бидат објавени со нивните иницијали.

Своето искуство со гинекологот го споделила Л.К од Скопје. Таа вели дека штом го видела текстот на НОВА знаела за кој лекар се работи.

„Истото ми се случи и мене со гинекологот Никола Дамчевски додека работеше во една приватна болница. И мене ми соопшти дека сум бремена, иако бев сигурна дека не сум бидејќи пред да ми направи ЕХО направив тест за бременост. Знаејќи колку желно чекаме бебе, излезе во ходникот и гордо му соопшти на мојот сопруг дека ќе стане татко, дури го викна да го види бебето на ЕХО. Мојот сопруг полета од радост, а јас пред лекарот му реков да не се радува непотребно бидејќи јас знам дека не сум бремена.

Му реков на гинекологот дека ме боли стомакот бидејќи очекувам месечен циклус. Тој ме убедуваше дека стомакот ме боли заради тоа што сум бремена. Јас му се јавив утредента да му кажам дека добив месечен циклус, а лекарот упорно ме убедуваше да ми направи Ин витро, тој лично. Јас повеќе не сакав да го видам. Да си играш со нечии чувства е многу болно“, раскажала Л.К. од Скопје.

Сега, Никола Дамчевски е вработен во државната клиника за гинекологија и акушерство.