Триесетгодишниот Дени Димовски е убиениот Македонец, во Мелбурн, Австралија, завчера во македонскиот ресторан ,,Корзо„.

Како што веќе известивме, тој беше избоден со нож и убиен откако избувнала тепачка на забава  во источно-европски ресторан во западен Мелбурн-пишуваат австралиските медиуми.

Фаталната тепачка се случила внатре, во  ,,Korzo Grill House“ во Каролин Спрингс, во раните утрински часови во саботата наутро, откако една непоканета група луѓе се обиделе да влезe на   приватната забава.

На веб-страницата на македонскиот ресторан се рекламира дека работи   до полноќ. Видеo клиповите  од ресторанот поставени на социјалните медиуми околу полноќ во петокот вечерта, прикажуваат десетици луѓе  што танцуваат и пеат  традиционална музика.

На видеоето  од претходнaта ноќ се гледа роденденска торта, како и деца на забавата, но  постар наредник детектив Фухмејстер, за медиумите  рече дека полицијата не верува дека имало деца  во моментот кога избувнала тепачка.

Детектив Пикси Фухмеистер, изјавила дека тепачката избувнала околу 2 часот по полноќ, откако сопствениците на ресторанот се обиделе да ја заклучат вратата, дури стоела надвор групата луѓе што сакале непоканети да влезат.

Детективот од единицата за убиства, изјави дека групата избегала од местото откако се случила тепачката, а едно лице било прободено повеќепати, по што починало.

Полицијата јавно  побара од сведоците и оние што биле присутни на забавата да ги контактираат.