ВИДЕО: Животната приказна на подмладеното семејство патки во матниот Вардар

Неверојатно беше уживањето што  ни го приредија младенчињата на едно семејство диви патки кои веќе неколку години се жители на Вардар по неговото течение во реонот на општина Аеродром . Тие се веќе вообичаен декор таму, па луѓето и не им обрнуваат многу внимание, но она што можеше да се види денеска, беше вистинска атракција и уживање.

Имено, тие не потсетија дека нема ништо поважно од семејството и грижата за него.

Низ три видео прикази, ќе ви ја пренесеме приказната на децата патчиња, нивната мајка и на крајот таткото и другите од јатото , пријатели на семејството, кои дојдоа да помогнат за заштита на најмладите.

Малите патчиња предводени од мајката тргнаа на својата прва пливачка турнеја низ реката:

Откако се одалечија доволно од нивното постојано живеалиште, совесната мајка ги собра на купче и почна да ги враќа назад:

Најинтересното следуваше на крајот. Кога се уверивме дека мајката е со своите деца патчиња и сакавме да ги оставиме да уживаат во Вардар, иако валкан и загаден, одеднаш вниманито ни го привлече бучно гракање и звук на крилја при слетување:

Веројатно таткото привлечен од нашата близина почна да ги довикува останатите членови на јатото, кои слетуваа околу младенчињата за да ги заштитат и да ги однесат на безбедно и сигурно место.

Оваа приказна покажува дека нема ништо поважно од семејството. Доволно е човек да се сврти и ќе види живот секаде наоколу. Па дури и во матниот и загаден Вардар. Затоа, живејте си го животот, не дозволувајте други да ви го раководат, најмалку политичарите, и грижете се за најблиските.

АКО.мк