ВИДЕО: Како се гради мост во Кина

Кинезите се познати по своите неверојатни градежни зафати. Тие можат да изградат висококатница за 48 часа, цел град за неколку месеци,  грандиозни објекти, брани, преселуваат цели градови.

Едно од чудата на технологијата е и оваа машина за изградба на мостови. Креирана е во Пекинг од домашна компанија, а со нејзина помош се ставаат цели блокови на столбовите од мостот, успешно и многу брзо. Со помош на оваа совршена  градежна машина, вијадукт од неколку километри може да се изгради за неколку недели.