Во Романија деновиве се одржуваат големи демонстрации против владиниот декрет за декриминализирање на некои коруптивни престапи. Најмалку 300 илјади луѓе излегле на улиците во повеќе градови, од нив половината во Букурешт. Таму протестот заврши со судири меѓу силите на редот и групи демонстранти пред владата.

Новата, социјалдемократска влада на Романија се соочи со најмасовни демонстрации од соборувањето на социјалистичкиот поредок во 1989 година.

Романија се соочува со голема корупција во државната администрација, а можноста за аболиција на функционери и политичари кои ја злоупотребиле својата положба е неприфатлива за романците.