ВИДЕО: Масовни протести во Србија по победата на Вучиќ

 

Скандирајќи ,,Измама,измама“, во Белград се одржаа масовни протести заради победата на Александар Вучиќ уште во првиот круг гласање. Протестите започнаа доцна попладне со собирање на неколку стотини млади луѓе пред Народното собрание, но подоцна тие се проширија во марш низ белградските улици. Не се знае кој е организатор на протестите.

Слични протести имаше во Ниш, Нови Сад и други градови во Србија.