Со автомобил со полициски сигнални светла, неколку телохранители кои му ја отворија вратата од автомобилот, Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК, го напушти Кривичниот суд, поминувајќи низ кордонот новинари.

,,Се уште е рано„-рече Мијалков, одговарајќи на прашањаето со какви докази настапија пред судот.

Поранешната министерка Јанкуловска, и шеф на Мијалков, го чекаше сама , без телохранители, пред судот, и му се придружи од излезот.

Инаку, прво рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“, е одложено, затоа што не биле исполнети законските услови за да се одржи судењето, односно обвиниетите вчера ја доставиле листата на докази, но само во еден примерок.

Бранителите на обвинитетите ветија дека уште во текот на денот доказите ќе ги достават и до СЈО.

Во најобемниот случај на СЈО, за прислушување на над 20.000 граќани, обвинети се 15-тина лица, од кои еден ја призна вина и е осуден условно.

АКО.мк

Видео:Милка Смилевска,ФБ