Според последните информации, Слободан Праљак е пренесен со брза помош во болница во Хаг. Претходно, лекарски тим  се обидуваше да го оживат по испиеното шишенце со отров, во просториите на Хашкиот трибунал..

Во текот на  изрекувањето на пресудата на босанскиот Хрват, Слободан Праљак, во живо, пред тв камерите, тој се напи течност од мало шишенце, тврдејќи дека тоа е отров.

Адвокатите веднаш побараа пауза, по што тој беше изнесен од судница и повикан доктор за да ја констатира неговата здравствена сосотојба.

Праљак е осуден на 20 години затвор за злосторство над Муслиманите во т.н. Херцег-Босна.

Тој беше началник на главниот штаб на хрватскиот совет на одбрана. Пиејќи ја течноста од шишенцето, за која тврди дека е отров, рече:

,,Праљак не е воен злосторник. Со презир ја отфрлам вашата пресуда.“